March 28, 2024, 10:03 pm

Oбjaвeнa нajгoлeмaтa cтyдиja зa eфикacнocтa нa „Фajзep“ – oвa ce peзyлтaтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега најголемото истражување на ефикасноста на вакцината Фајзер/БиоНТек против коронавирусот на општата популација покажа во четвртокот дека вакцината има повеќе од 95% ефикасност, а истовремено покажа дека таа заштита значајно опаѓа доколку личноста се вакцинира само еднаш, наместо препорачаните две дози.

Авторите на истражувањата од израелската национална кампања на вакцини изјавиле дека се приложени докази од реалниот живот дека пандемијата би можела да се спречи само со брзо, глобално вакцинирање.

Анализата на јавноздравствените податоци од Израел – една од земјата со најголем процент на потполно вакцинирани возрасни луѓе – покажа дека вакцината ги штити и постарите луѓе во време кога доминира најзаразната англиска варијанта, според резултатите од објавените во медецинското списание Лансет.

До почетокот на април скоро 5 милиони луѓе во Израел ги примиле двете дози на Фајзер/БиоНТек вакцината, што во превод би значело повеќе од 70% население.

Заштита е помала само со една доза
Студијата покажа дека две дози на вакцината овозможуваат 95,3 отсто заштита од инфекцијата и 96,7 заштита од смрт седум дена по втората примена доза. По 14 дена таа заштита се зголемува на 96,5 отсто, односно 98 отсто.

Но заштитата е значително мала кога луѓето добиле само една доза на вакцина. Помеѓу 7 и 14 дена по првата доза утврдено е дека заштитата од инфекцијата е 57,7 отсто а заштитата од смрт е 77 отсто.

Авторите рекле дека една доза може да овозможи пократок период на заштита особено во опкружување која се појавуваат нови вирусни соеви.

– Важно е што студијата покажува дека двете дози на вакцината значително го зголемуваат имунитетот и заштитата, изјави Џонатан Бал, професор од молекуларната вирологија на Универзитетот во Нотингем, кој не беше вклучен во студијата.

– Поради тоа е важно луѓето да ги добијат двете дози.

Во текот на истражувањето се забележани 232 268 потврдени инфекции на Ковид-19, а скоро кај 95 отсто од тестираните примероци е утврдена англиската варијанта B117. Забележана се 4481 тешки инфекции и 1113 смртни случаи.

Научниот тим рече дека не може да го проучи влијанието на јужноафриканската варијанта, која беше идентификувана и во Израел.

Излез од пандемијата?
До четврток, најголемата студија за општа популација на Фајзер/БиоНТек, исто така спроведена во Израел, беше скоро пет пати помала, во која учествуваа 1,2 милиони луѓе.

Коментирајќи ја студијата, Еил Лешам од медицинскиот центар Хаим Шеба и Анели Вајлдер-Смит од лондонското училиште за хигиена и тропска медицина напишаа дека резултатите од студијата „сугерираат дека високата стапка на покриеност со вакцините може да понуди излез од пандемијата“.

– За жал, брзата покриеност на ниво на население не може лесно да се реплицира во многу други земји, рече парот, кој не учествуваше во студија чии резултати беа објавени во Лансет.

– Глобалната употреба на вакцини (Фајзер/БиоНТек) е ограничена поради проблеми со снабдување, високи трошоци и барања за складирање на екстремно ниски температури.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This