дома Македонија Oвa ли тpeба да го забopaвиме: Гpoзомopно, ГЛABAТА на пapтизанkaта Невена Геогриева...

Oвa ли тpeба да го забopaвиме: Гpoзомopно, ГЛABAТА на пapтизанkaта Невена Геогриева – Дуња беше шeтaнa по велешките села од бугapcката полициja

По скандалозните изјави на Заев на вчерашното интервју за бугарската новинарска агенција БГНЕС, со кои јасно даде до знаење дека настаните како грозоморното убиството на партизанката Невена Геогиева – Дуња од страна на бугарската полиција во 1942 година се настани кои немаат значење како и тоа дека речиси и да не постоеле.

Имено Невена Геогриева – Дуња cо своите 16 години, од 1941 година, како младинска активистка учествува во подготовките за вооружено востание во Македонија.

Таа е меѓу првите 12 борци кои влегуваат во Првиот скопски партизански одред, кој е формиран на 22 август кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк.

Шестмина борци од Скопскиот партизански одред илегално се префрлаат во Велес со намера да се приклучат на Прилепскиот партизански одред. Во групата се: Васил Антевски – Дрен, Благоја Давков, Боро Боцевски, Даме Крапчев, Боро Ончев и Невена Георгиева – Дуња.

Во мај 1942 година, Невена Георгиева – Дуња била осудена во отсуство на 7 години строг затвор. Во втората половина на септември 1942 година, таа станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
Невена Георгиева – Дуња загинува во судир со бугарската полиција кај велешкото село Нежилово.

Бугарската полиција во служба на фашизмот, онаа која сега Заев ја нарекува „администрација“ грозоморно и ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села. Во Велес ја донеле нејзината глава и истата била ставена во еден централен излог за да ја видат сите.

Главата на партизанската била нечовечки шетана по селата од страна на сега како пто кажува Заев не бугарската полиција која била на страната на фашизмот, туку бугарската администрација.

Вакви примери од историјата има многу, а и сеуште се живи дел од потомците на загинатите во борбата против фашизмот и тогаш бугарскиот окупатор на Македонија и секое нивно порекнување граѓаните по нивните реакции и вчера и денеска во јавноста се доказ дека она што Заев го направи е навредување и газење врз делото на партизаните во таа ослободителна војна за слобода од фашизмот.