April 16, 2024, 12:09 pm

Oдбeлeжaн Европскиот дeн зa бopбa пpoтив тpгoвиjaтa co лyѓe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе, Магдалена Несторовска се обрати по повод одбележувањето на 18 октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, на онлајн настан со новинари, претставници на медиумите и граѓанското општество.

Свое излагање имаа и Светлана Влаховиќ Димановска, началник на Сектор за преговори и евроинтеграцијав о МВР и заменик на ционален координатор за борба против трговија со луѓе, како и Љупчо Маркудов, началник на Единицата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во МВР.

Настанот е организиран во заедничката акција на Европската Унија и Советот на Европа за „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Македонија”, во соработка со Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и со учество на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика.

За време на овој настан, новинарите, дописниците и претставниците на медиумите имаа можност да слушнат и да разменат мислења во однос на институционалната рамка за спречување и борба против трговијата со луѓе, улогата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, улогата на Нaционалнaта единица за сузбивање на трговијата со луѓе и илегалната миграција, начинот на кој може да се подобри медиумското известување за случаи на трговија со луѓе, разликите помеѓу трговијата со луѓе и илегалната миграција, заштита на лични податоци на жртвите на трговија со луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This