дома Европа Oдлични вecти зa coпcтвeницитe нa милeничињa: Peгиcтpиpaнa вakцинa пpoтив кopoнaвиpyc зa живoтни

Oдлични вecти зa coпcтвeницитe нa милeничињa: Peгиcтpиpaнa вakцинa пpoтив кopoнaвиpyc зa живoтни

Првата руска вакцина против коронавирусoт е регистрирана во Русија, изјави во средата заменик директорот на Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна супервизија на Русија, Константин Савенков, најавувајќи дека неговото масовно производство може да започне веќе во април.

Карникав-Ков е првиот и моментално единствениот лек против коронавирус за животни во светот и најпрво бил тестиран на зајаци.

Клиничките испитувања започнаа во 2020 година, а по спроведувањето на сите студии, тие заклучија дека вакцината е безопасна и високо имуногена, а сите испитани животни развиле антитела во 100% од случаите.

Масовното производство на вакцини за животни започнува во април. Ова е значајно откритие затоа што некои видови животни се подложни на инфекција, поточно во 2020 година, масовните инфекции на животните се забележани на фармите во Данска.

Според руските научници, употребата на вакцината Карнивак-Ков може да спречи развој на мутација на вирусот, што најчесто се јавува при пренесување на патогени микроорганизми помеѓу видовите.

Нема научни докази за пренесување на коронавирус од животни на луѓе.