Oд Македонија во Грција швepцyвaлe дpoгa, aвтoмaт, митpaлeз, кypшyми: Пpивeдeни тpи лицa, oвa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три лица се уапсени вчера во акцијата на грчката полиција на подрачјето на Солун и на Кукуш поради шверц и внесување на дрога и оружје од Македонија на грчка територија. Идентификуван е уште еден член по кого полицијата трага, а се работи за организирана група. Во веста на македонската агенција МИА се наведува дека запленети се 55,5 килограми суров канабис, автоматска пушка, митралез и 139 куршуми.

Како што соопштија од грчката полиција, непознати членови на групата, во Грција од Македонија внеле три торби со канабис и оружје, кои му ги предале на еден од уапсените, а тој, во поширокиот регион на Кукуш, торбите им ги предал на другите двајца уапсени.

Уапсените, со две возила се упатиле накај со Солун, со цел да му ги предадат торбите на четвртото лице кое е идентификувано, но не е уапсено, меѓутоа биле спречени од полицијата.

Уапсените биле изведени пред јавен обвинител, а истрагата продолжува за пронаоѓање на останатите членови на криминалната мрежа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This