дома Балкан Oкoлy 70 oтcтo oд млaдитe нa Западен Бaлкaн би paзмиcлилe зa иceлyвaњe

Oкoлy 70 oтcтo oд млaдитe нa Западен Бaлкaн би paзмиcлилe зa иceлyвaњe

Околу 35 проценти е стапката на невработеност кај младите во Западен Балкан, а времето за чекање по завршеното образование, во просек изнесува две години. Околу 71 процент од нив би размислиле да го напуштат регионот и да работат во странство, изјави денеска генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

На денешната онлајн работилница на кои учествуваа претставници на носители на политики од шест земји од Западен Балкан, како и претставници на млади и на ЕК, Брегу рече дека важно е наместо создавање на политики за млади, да се работи на нивно активно вклучување во дијалогот со носителите на политики.

Работилницата e посветена на политиките на вработување во земјите од Западен Балкан. Клучно е што за овие политики разговараат претставници на младите од шесте земји со носителите на политики. Проектот го спроведува РСС со помош на Европската комисија.