дома КОВИД-19 (Коронавирус) Oлимпиjцитe вo Токио ќe ce тecтиpaaт нa Koвид-19 нa ceкoи 96 дo...

Oлимпиjцитe вo Токио ќe ce тecтиpaaт нa Koвид-19 нa ceкoи 96 дo 120 чaca

Спортистите кои ќе настапат на Олимписките игри во Токио ќе мораат да приложат негативен корона тест направен најмалку 72 часа пред пристигнувањето во Јапонија и ќе бидат тестирани на коронавирус на секои 96 до 120 часа за време на Игрите.

Во извештајот кој го објавија организаторите на ОИ, се наведува дека центарот за тестирање ќе биде лоциран во Олимпиското село каде ќе бидат сместени околу 15.000 спортисти.

Во моментов, за сите кои влегуваат во Јапонија е задолжителен 14-дневен карантин, но спортистите и персоналот задолжен за организација на Олимпијадата ќе бидат изземени од ова ограничување.

Летните Олимписки игри во јапонската престолнина треба да бидат отворени на 23 јули, откако годинава беа одложени поради светската пандемија на коронавирус.