Oпepaциja „Caбja“ во Македонија – ќе има ли мacoвнo aпceњe и пoлитичkи монтирани процеси?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата дека во тек е подготовка за спроведување на акција за гонење на организираниот криминал и корупција по примерот на Србија, каде во 2003. година беа уапсени нешто повеќе од 11.000 лица кои биле дел од коруптивна мрежа поврзана со органите на државната власт во организација на атентатот на Зоран Ѓинѓиќ.

Дека се подготвува некаква операција која би го позајмила името на српската – „Сабја“, премиерот Зоран Заев попладнево за Инфомакс ниту ја потврди, но ниту ја демантираше информацијата.

„Владата на Република Северна Македонија води суштинска и темелна борба против корупцијата. Јавноста треба да очекува постојани антикорупциски акции водени од релевантните институции.“ – изјави премиерот Зоран Заев за Инфомакс.

Сомнеж дека спроведувањето на една ваква акција ќе биде непристрасна фрла арогантниот одговор на вицепремиерот за спречување на корупцијата Љупче Николовски, кој смета дека јавноста не треба да прашува, туку информација ќе добие тогаш кога тој мисли дека треба да ја сподели.

„Тогаш кога ќе треба ќе се објасни. Поздрав!“ – напиша Љупчо Николовски во кратка СМС порака, на прашање испратено од Инфомакс.

Универзитетскиот професор Александар Даштевски смета дека старо-новата влада тоа го правела и досега, но поради преголема корупција во сопствените редови не била во можност да ги координира правосудните органи.

„Сметам дека старо- новата влада тоа и до сега го правеше, но поради огромната корупција во сопствените редови не можеше да ги координира правосудните органи да делуваат премногу селективно. Поради тоа беа инсистирањата на новиот Закон за јавно обвинителство, во кој буквално е пресликано поранешното СЈО, само наместо Катица Јанева најверојато таму ќе биде Вилма Рускоска. Тоа може да се види веднаш по доделување на мандатот за состав на владата, кога истакнат активист на опозицијата отиде во затвор поради статус на Фејсбук, а помпезно се покрена кривична постапка против пратеникот Милошоски и целата комисија за (лустрација)верифицирање на факти.“ – вели Даштевски за Инфомакс.

Според универзитетскиот професор Александар Даштевски, операција слична на „Сабја“ во Србија би се спровела и во Македонија со оглед на тоа што таму беше убиен премиерот Гинѓиќ токму поради оваа акција.

„Не може да се каже дека таа операција ќе биде слична како во Србија, бидејќи таму беше усмртен Премиерот на државата, но ќе се бараат начини како да се дискредитираат што поголем број на луѓе кои ја критикуваат власта, главно во монтирани судски процеси.“ – заклучува Даштевски.

 

Пишува:
Александар Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This