дома Македонија Oсмани ги пomeша брзините: Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија е неопpaвдано

Oсмани ги пomeша брзините: Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија е неопpaвдано

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, вели дека жали за одлуката на Русија да протера македонски дипломат и смета дека таа е неоправдана и е само за да се возврати на претходното протерување на руски дипломат од Македонија.

„Жалам за непоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Македонија и Руската Федерација –напиша Османи на Твитер.

Откако во мај најави контрамерка на протерувањето на руски дипломат од земјава, руското МНР денеска соопшти дека ја повикале в.д. амбасадорката на Македонија за да ѝ врачат нота со која еден од вработените во македонската амбасада во Москва во прогласуваат за персона нон грата.

Протерувањето на рускиот дипломат од земјава, пак, се случи на 14 мај кога амбасадорот на Русија, Сергеј Александровиќ Баздикин беше повикан во македонското МНР за да му ја соопштат одлуката. Како причина за протерување на дипломатот беа посочени активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.