дома Европа Oтишoл дa џoгиpa, нo никoгaш нe ce вpaтил: Бeлopycкиoт akтивиcт пpoнajдeн oбeceн...

Oтишoл дa џoгиpa, нo никoгaш нe ce вpaтил: Бeлopycкиoт akтивиcт пpoнajдeн oбeceн нa дpвo вo пapк вo Киев

Белорускиот активист и шеф на невладина организација која им помагала на сонародниците кои бегаат од Белорусија поради репресија, Виталиј Шишов, откако вчера беше соопштено дека исчезнал во Киев, денеска беше пронајден мртов. Неговото тело било најдено обесено во парк во Киев, пренесува Би-Би-Си.  

Шишов, шефот на организацијата „Белоруска куќа во Украина”, во понеделникот утрото отишол да трча, но не се вратил и не одговарал на телефонските повици.

Центарот за заштита на човековите права „Весна“ соопшти дека пријателите на исчезнатиот активист изјавиле дека тој претходно бил следен од „непознати лица“. 

Шишов исчезна истиот ден кога на белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја ѝ беше одобрена хуманитарна виза за Полска. 

Полицијата го следи случајот.