March 29, 2024, 12:48 pm

Oткpиeн е нajpaниoт cимптoм нa кopoнa штo мoжe дa ви гo cпacи живoтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коронавирусот е заразна болест што е потврдена кај повеќе од 30 милиони луѓе ширум светот. Иако многумина од нас ги имаат напамет научено првите симптоми на оваа многу заразна болест, постојат знаци кои би можеле порано да ве предупредат дека сте заразени.

Според британското здружение на дерматолози, кое ги анализирало пријавените симптоми преку апликацијата Студија за симптоми на Ковид, сувите, болни и испукани усни може да бидат еден од најраните знаци. Оралните знаци на вирусот на коронавирус сочинуваат само мал број можни симптоми кои се појавуваат на кожата.

За време на пандемијата на коронавирусите, стана јасно дека покрај главните симптоми на треска и кашлица, симптомите можат да се развијат и на кожата. Извештаи од Кина, а потоа и од Европа, покажаа дека САРС-КоВ-2 во 20 проценти од случаите покажува симптоми на кожата, бидејќи вирусот предизвикува многу имунолошки реакции, па затоа не е ни чудо што кожата е вклучена во приказната. Така можете да почувствувате болни усни, кои се сушат и се лупат. Може да се појави и болка во устата, се вели во соопштението на дерматолозите.

Сепак, само затоа што усните се суви, не мора да значи дека имате коронавирус, особено во овој период од годината.

За да не влезете воопшто во дилема, совет е да ги покриете усните со шал за време на студеното време кога сте надвор. Меѓутоа, ако усните се различни од вообичаеното во овој период од годината, советот е веднаш да се изолирате и да се тестирате пред појавата на очигледни симптоми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This