дома Европа Oфициjaлнo: Во Милано oд дeнecкa e зaбpaнeтo пyшeњe нa jaвни мecтa

Oфициjaлнo: Во Милано oд дeнecкa e зaбpaнeтo пyшeњe нa jaвни мecтa

Од денеска областа на градот Милано станува зона за непушачи на јавни места, јавија италијанските медиуми.

Градските власти одлучија да забранат пушење на автобуски постојки, во паркови, стадиони, гробишта и области каде што сопствениците ги носат своите кучиња.

Одлуката е донесена во ноември минатата година, таа ќе стапи во сила денеска, а до 2025 година, се планира забраната да се прошири на сите отворени простори во градот.

Првично, забраната, им остава на пушачите можност да пушат на отворено, но само доколку се оддалечени најмалку 10 метри од другите луѓе.