дома Хроника O6винeниe пpoтив eднo лицe зa нeдoзвoлeнo пoceдyвaњe на aвтoмaтcкa пyшкa

O6винeниe пpoтив eднo лицe зa нeдoзвoлeнo пoceдyвaњe на aвтoмaтcкa пyшкa

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Киривичниот законик.

Во близина на кафе-бар во негова сопственост, на влезот од селото Буковиќ, обвинетиот 23-годишник држел автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм од бугарско производство, која претставува верзија на руската автоматска пушка АК-47 Калашников. Ова оружје им е забрането на граѓаните и за него не може да се добие дозвола за поседување. Заедно со автоматската пушка биле пронајдени и две рамки без куршуми.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор. ​