дома Македонија Ocмани се paзнежни: Ахмети нѐ учеше да ја сакаме оваа држава како...

Ocмани се paзнежни: Ахмети нѐ учеше да ја сакаме оваа држава како наша

Модераторот на „Click Plus“ го запраша министерот Османи за тоа дали сѐ уште има реакции или дилеми во јавноста во врска со тоа дали е добро Албанец да ја води надворешната политика.

На ова министерот за надворешни работи Бујар Османи одговори дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети секогаш инсистирал и ги учел да ја сакаат оваа земја како своја.

„Ахмети не учеше да ја сакаме земјата како наша, ние сме тука во наша земја, не сме кираџии тука. Јас се борам како Министер за надворешни работи за оваа земја да биде дел од ЕУ, за сите граѓани на оваа земја да имаат подобар живот“, порача Османи.