дома Македонија Ocкаровец вљyбeн во Македонија, повикyва да ја пoceтат што повеќе Амepиканци

Ocкаровец вљyбeн во Македонија, повикyва да ја пoceтат што повеќе Амepиканци

Американскиот режисер Мајкл Мур кој е добитник на Оскар за филмот “Куглање за Колумбина” на Фејсбук им препорачува на неговите сонародници да ја посетат Македонија.

Македонија која е само една од осумте земји во светот каде што Американците може да патуваат без никакви ограничувања доби силен промотор на туристички локалитети поради блокадата на од Коронавирусот зафатената Америка.

“Планирате патување за време на празниците? Сфаќате ли дека остатокот од светот нè смести во сопствен приватен затвор, нели? Сега ни е забрането да патуваме без ограничување скоро секаде во светот. Само осум земји дозволуваат влез со американски пасош без никакви ограничувања (без карантин, без претходно тестирање, без виза, без ништо). Еве ги единствените нации во кои можете слободно да патувате како Американец: Македонија, Косово, Тунис, Турција, Доминиканска Република, Мексико, Малдиви, Србија (има и 23 други земји што ќе дозволат влез – но со ограничувања и карантини)”, пишува Мур на Фејсбук.

Оскаровецот како град каде што треба да се посети го споменува Скопје а за хотел дава предност на „Стар Конак“.