дома Македонија Ocлoбодyвaњe од плaќaњe на cтpyja и вoдa за сите нeвpaбoтeни

Ocлoбодyвaњe од плaќaњe на cтpyja и вoдa за сите нeвpaбoтeни

Последните истражувања и информации кои редовно стигаат до нашата служба, посочуваат на тоа дека СЕ ПОГОЛЕМ број на работници ја губат својата работа, особено оние работници кои се во сивата економија, а кои се во огромен број. Економските параметри јасно покажуваат дека ЈАВНАТА ПОТРОШУВАЧКА значително се намалува од месец во месец што укажува на тоа дека граѓаните веќе се во многу лоша економска состојба или едноставно кажано во сиромаштија која најмалку ја посакуваме.

Сите граѓани се на удар од економската криза, секој се бори за парче леб, неизвесно е што не очекува и на сето тоа Државата реагира со покачување на режиските трошоци на граѓаните?

Сметаме дека покачувањето на сметките за струја, како и покачувањето на акцизата за нафтените деривати директно се на товар на граѓаните и остро реагираме против ваков алчен и неразумен пристап кон граѓаните.
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија БАРА од државата да се ОТКАЖЕ од наплата за користење на ресурсите на струја и вода кои ги поседува државата и да нема побарување за истите од НЕВРАБОТЕНИТЕ лица со што ќе покаже доблест и дека навистина се грижи за своите граѓани.

Воедно сакаме да известиме дека извршителите веќе се во постапка за наплата на оние кои не ги платиле своите режиски трошоци не поради своја волја, туку поради кризата која се наталожи врз грбат на граѓаните изминатиот период, а допрва следи и покачување на истите.
Од ден во ден е појасно дека доколку не се земат во предвид сите наши ПРЕДУПРЕДУВАЊА кои редовно и навремено ги испраќаме до надлежните и до јавноста, следи социјална криза.