дома Актуелно Opцe Kaмчeв извeден пред cyдиja, Oбвинитeлcтвoтo бара пpитвop

Opцe Kaмчeв извeден пред cyдиja, Oбвинитeлcтвoтo бара пpитвop

Бизнисменот Орце Камчев во овие моменти се наоѓа во Кривичниот суд во Скопје.

Тој претпладнево беше приведен во полициската станица Карпош. Извори од обвинителството за организиран криминал за Телма соопштија дека приведувањето е откако Агенција за национална безбедност доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство.

Поради тоа во рамките на истрагата за плацевите на Водно, во која е инволвиран и Камчев ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор.

За случајот „плацевите на Водно“ е задолжена обвинителката од некогашното СЈО Лиле Стефанова.

Камчев е еден од осомничените во големиот милионски случај на СЈО „Империја“, кој според истрагата Рекет (за што казна затвор добија специјалната обвинителка Катица Јанева и соптсвеникот на 1тв Бојан Јовановски-Боки 13) бил рекетиран.