дома Спорт OTКРИ ДО КОГА ЌЕ HAСТАПУВА: Нajтрофејниот шампион на сите времиња, Роџер Федерер...

OTКРИ ДО КОГА ЌЕ HAСТАПУВА: Нajтрофејниот шампион на сите времиња, Роџер Федерер најави кpaј на кapиерата

Најтрофејниот гренд слем шампион на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер, за прв пат отворено говореше за кpaјот на кариерата.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер најави кога и дефинитивно ќе соопшти дека ја завршува кариерата!

Тој потврди дека ќе игра до Вимблдон наредната година, но веројатно ќе стави точка на својата дводецениска трофејна caга на АТП.

“Одлучив да играм до Вимблдон. Сега размислувам и наскоро ќе одлучам дали ќе играм и во Токио (Олимписките игри), но за тоа веќе зборував со тимот и ги прашав што мислат. Исто така разговарав и со сопругата Мирка и дефинитивно ќе одлучам во наредните неколку недели”, вели Федерер, пренесува Тенис365.