April 25, 2024, 12:33 am

PКE дoнece oдлyкa: Пoeвтинyвa пapнoтo гpeeњe вo Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје во просек се намалува за четири отсто, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Тој истакна дека речиси 56 илјади потрошувачи приклучени на „Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) или 93 отсто од вкупниот број корисиници ќе добиваат сметки пониски за 4,35 отсто, нешто над 3 800 домаќинства кои се приклучени на „ЕСМ Енергетика“ ќе плаќаат пониски сметки за 0,57 проценти, додека 501 потрошувач приклучени на „Скопје Север“ од 1 август ќе имаат поевтино греење за 1,25 отсто.

– Граѓаните приклучени на парно греење ќе добиваат пониски сметки. Денешните донесени одлуки се показател дека начинот на кој ја пресметуваме цената на топлинската енергија ги штитат потрошувачите. Со одлуките праќаме сигнал што повеќе граѓани да се приклучат на мрежата за парно греење, кое е најекономично и еколошко, рече Бислимоски, посочувајќи дека имаме историски најниска цена на испорачана топлинска енергија.

Во однос на работата на компаниите, тој нагласи дека сака да укаже оти со оглед на фактот дека БЕГ го има доминантниот дел од корисниците односно 93 отсто, останатите снабдувачи „Скопје Север“ и „ЕСМ Енергетика“ би требало да ги разгледаат можностите за системско надминување на предизвиците преку заедничка соработка, со цел да може да го зголемат бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија.

На централните системи за греење на трите компании за топлинска енергија во Скопје се приклучени околу 60.000 корисници, што за една година претставува раст од речиси 2.000 нови потрошувачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This