дома Македонија Paзpeшeн coвeтникoт нa Груби кoj бeшe пpивeдeн пopaди пoceдyвaњe дpoгa

Paзpeшeн coвeтникoт нa Груби кoj бeшe пpивeдeн пopaди пoceдyвaњe дpoгa

Познатиот албански пејач, Шпат Касапи е разрешен од позицијата советник за култура и општество на првиот вицепремиер Артан Груби, откако во медиумите беше објавено дека кај него била пронајдена дрога, брифираат извори од вицепремиерскиот кабинет за Канал 5.

Касапи, кој е познат пејач, е син на прaтeничката, Ѓилемсер Касапи и пред еден месец, како што објавија тогаш некои медиуми, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“. Тој тогаш бил приведен.

Дрогата му била одземена, а тој бил приведен. Од кабинетот на Груби велат дека веднаш по потврдата на овие информации тој е разрешен од советничката функција.