Paзpeшената директорка го возвраќа yдapoт: Петровска сега ќе ја биe градоначалничката битka за Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ана Петровска која пред две недели Владата ја разреши од директорската позиција на Државниот инспекторат за животна средина иако нејзината работа позитивно ја оценуваше јавноста и невладините организации кои водат грижа за животната околина, прифати да биде кандидат за градоначалник на Скопје на листата на Зелен хуман град. „Моите и идеите на Зелен хуман град за Скопје како поубаво место за живеење речиси се поклопуваат и затоа ја прифатив поканата“, вели Петровска

Петровска во изминатите години веќе имала соработка како со активистичката организација „Зелен хуман град“, така и со други организации кои се грижат за животната средина и смета дека е можно со главниот град да се управува подобро, со заеднички напори и реализација на идеите и плановите за почисто и похумано Скопје.

Петровска смета дека преку функцијата градоначланик на Скопје и со поддршка во Советот, ќе може да се придонесе за намалување на загаденоста во Скопје, како и за справување со големиот проблем – депониите, меѓу кои главниот проблем е „Вардариште“, која треба конечно да се затвори.

Истакнатите активисти Драгана Велкова и Горјан Јовановски ќе ја предводат кандидатската советничка листа, а веќе се започнати активностите за собирање на неопходните потписи од граѓани за да може да се учествува на локалните избори.

Петровска од функцијата директорка на Државниот инспекторат за животна средина беше разрешена од страна на Владата, со образложение дека таа позиција во државниот апарат припаѓа на владиниот коалициски партнер ДОМ. Петровска тогаш изјави дека владиното разрешување било по барање на претседателката на ДОМ Maja Moрачанин поради внатрешно партиски судир, по кој таа била разрешена од своите партиски функции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This