дома Македонија PAЗРЕШЕНА ТУРСКАТА АМБАСАДОРКА: Ердоган објави декрет за повлекување на амбасадорката од Македонија

PAЗРЕШЕНА ТУРСКАТА АМБАСАДОРКА: Ердоган објави декрет за повлекување на амбасадорката од Македонија

Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави претседателски декрет со денешен датум, со кој од должноста се рaзрeшуваат амбасадорите на Турција во 15 земји, меѓу кои и во Македонија, објави „Хуриет Дејли Њуз“.

Според декретот, сите рaзрешени амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во земјава Тулин Еркал Кара, ќе бидат прераспоредени на должности во турското Министерство за надворешни работи, а на нивните места ќе бидат именувани нови дипломатски претставници.

Весникот наведува дека покрај амбасадорката во земјава, сменети се и амбасадорите на Турција во Алжир, Бангладеш, Белорусија, Виетнам, Гамбија, Гватемала, Доминиканската Република, Естонија, Јордан, Казахстан, Туркменистан, Чад, Чиле и Шри Ланка.