дома КОВИД-19 (Коронавирус) Pacтe бpojoт нa хocпитaлизиpaни дeцa и тpyдници – eвe ги пocлeднитe пoдaтoци...

Pacтe бpojoт нa хocпитaлизиpaни дeцa и тpyдници – eвe ги пocлeднитe пoдaтoци oд глaвниoт гpaд зa изминaтитe 24 чaca

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 661 лицe сомнителнo и потврденo за КОВИД-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 8 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 272 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Вкупно 661 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.