- Advertisement -
Италијанската полиција денеска уапси 37 лица, во голема истрага против две криминални групи од Италија и Албанија, кои учествувале во трговија со дрога, објави италијанската полиција.
Како што беше наведено, две банди увезувале огромни количини наркотични средства, пред се кокаин, хашиш и марихуана, во Ломбардија, од каде дистрибуирале наркотици низ целата земја, пренесува Анса.