Pacтe бpojoт нa мигpaнти вo Европа: Нajмнoгy Сиријци и Авганистанци илeгaлнo влeгyвaaт вo ЕУ пpeкy Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на мигранти кои илегално влегуваат во ЕУ преку Западен Балкан е скоро двојно зголемен оваа година, соопшти Европската агенција за гранична стража (Фронтекс). Според нив најголем број од луѓето се Сиријци и Авганистанци, а трети се Мароканците. 

Податоците на Фронтекс покажуваат дека од јануари до јули се откриени 22,600 мигранти кои илегално влегле во ЕУ од западнобалканската рута, што е за 90% повеќе од истиот период лани. 

Минатиот месец беа откриени 3,600 илегални преминувања на границата на ЕУ од западнобалканската рута, за 67% повеќе него јули 2020-та година. 

Како што наведува Фронтекс, притисокот на мигрантите продолжува да расте на источните граници на ЕУ, каде на границата на Литванија беа забележани повеќе од 3 илјади илегални преминувања на мигранти од Белорусија. 

Централномедитеранската рута во јули имала најголем удел во илегалните преминувања а потоа е западнобалканската рута. 

На таа рута најмногу лица има од Тунис, Бангладеш и Египет. 

Бројките на илегални мигранти според Фронтекс би требало да се намалат во иднина. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This