April 24, 2024, 10:16 pm

Pakeтирaна американска вoeнa база во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската воена база беше ракетирана во сириската провинција Деир ел-Зор во близина на нафтеното поле Омар, јави сириската државна телевизија „Сурија“.

„Нелегалната американска воена база во близина на нафтеното поле Омар на истокот од провинцијата Деир ел Зор е подложена на ракетен напад“, објави каналот.
Според извори од сириската телевизија, воените авиони патролираат во областа на базата.

Утрово, Пентагон објави дека САД извршиле воздушни напади врз објекти на проирански бунтовнички групи во пограничната област на Ирак и Сирија. Нападите беа извршени за да се отстранат заканите и како одговор на серија напади насочени кон интересите на Соединетите држави во Ирак. Пентагон нагласи дека нападите биле извршени врз складишта за оружје и оперативни објекти што ги користеле неколку групи, вклучувајќи ги Катаиб Хезболах и Катаиб Саид ел Шухада.

Од своја страна, сириското Министерство за надворешни работи ги осуди овие напади, наведувајќи дека ваквите активности претставуваат кршење на суверенитетот на Сирија и Ирак и го повика Вашингтон веднаш да се откаже од нарушувањето на територијалниот интегритет на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This