дома Хроника Peгиcтpиpaни двa физички нaпaди вo eднa вeчep вo Kaвадарци – oвa ce...

Peгиcтpиpaни двa физички нaпaди вo eднa вeчep вo Kaвадарци – oвa ce дeтaлитe

Два физички напади во Кавадарци се пријавени во полиција, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во првиот случај, кавадарчанката С.В. (38) вчера во ОВР Кавадарци пријавила дека околу 20:00 часот била физички нападната од Ш.Ј. од Кавадарци.

Рано утрово пак, во 00.10 часот во ОВР Кавадарци, кавадарчанецот А.О.(25) пријавил дека во градот бил физички нападнат од Ф.В.(25) – соопшти Додевски.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.