дома Актуелно Peзил – Maкедонија ќе излeзe co 20 милиoни житeли: Moжeш дa ce...

Peзил – Maкедонија ќе излeзe co 20 милиoни житeли: Moжeш дa ce пoпишeш електpoнски и co лaжeн мaтичeн, никoj нe ги пpeвepyва

Системот за попишување не проверува дали внесените матични броеви се валидни. Во полето за ЕМБГ, можат да се напишат и 13 нули, системот веднаш дозволува пристап. Ова е уште една слабост на апликацијата за попис, која ја открија програмерите, јавува Телма.

Откако објавија дека, преку ВПН е лесно да се попишат лица од Македонија како да се во странство, сега предупредуваат и дека, многу лесно може да се попишат илјадници луѓе со измислени податоци. Укажуваат дека, Заводот за статистика мора да вметне барем 2 или 3 степени на проверка, дополнителни заштити во процесот на регистрација, како и систем за валидација на матичните броеви.

Со тој систем, велат, веднаш ќе се знае дали тој матичен број постои и дали му припаѓа на тоа лице. Вториот степен е проверка преку мобилен дали тој човек е навистина во државата од која се логира и трет степен, потврда преку мејл. За да не се губи време со вкрстување на разни бази на податоци, треба да се изработи една база на податоци за сите граѓани. Доколку е доцна за тоа, при вкрстувањето на податоците, обавезно за возрасните лица да се користи и базата на УЈП, од која точно ќе се знае кој живее тука.

Извор: Телма