дома КОВИД-19 (Коронавирус) Peпpизa oд лaни: Kopoнaтa ce вpaти вo Кина

Peпpизa oд лaни: Kopoнaтa ce вpaти вo Кина

Кина го регистрира најголемиот скок во бројот на нозозаразени во пандемијата со коронавирусот во изминатите десет месеци, бидејќи бројот на заразени со Ковид-19 лица во североисточна провинција Хејлонџајанг минатата недела речиси тројно е зголемен, со што се зголемија и стравувањата кај здравствените работници пред големиот празник, Кинеска нова година, што се слави на 12 февруари.

Националната здравствена комисија денеска соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 138 нови случаи на коронавирус, наспроти 115 ден претходно, што е најголем скок од 5 март, јавуваат британските медиуми.

Во меѓувреме, едно лице умрело, што е прв смртен случај во најнаселената земја во светот од средината на мај минатата година.