дома Македонија „Peпyблиka“ под оpкecтриpaн нaпaд од штaпcкитe мeдиyми на СДCM

„Peпyблиka“ под оpкecтриpaн нaпaд од штaпcкитe мeдиyми на СДCM

Провладините мегафони на чело со Цивил медија на Џабир Дерала и Фронтлајн, портал кој се полни од штабот на СДСМ, повторно смислено играат со синтагмата лажна вест и оркестрирано ги напаѓаат критичките медиуми, а во одбрана на министерот за правда Бојан Маричиќ.

Викајќи на цел глас „лажна вест“, ја девалвираат појавата на таа опасна појава во општеството. Прилепувајќи им етикета „дезинформации“ на медиумите кои ги разобличуваат членовите на владата, и на јавноста ѝ ги откриваат нивните неевропски и нецивилизациски вредности, Цивил медија и Фронтлајн само потврдуваат дека во Македонија системски се уништува критичката мисла и се потхранува полтронското новинарство.

На Цивил медија и на Фронтлајн затоа не прочитавме ништо за најкорумпираната влада во Македонија, за индексот накорупција што го објави Транспаренси интернешанел, но затоа секојдневно читаме хвалоспеви за владините членови и политики.

Цивил медија и Фронтлајн нека одговорат во која друга земја министрите цензурираат вести и објави на социјалните медиуми, а обвинители се пазарат за црвени теписи.

Извор: Република