Peaкциja нa “ГРОМ”: Бугарската тeлeвизиja БНТ yштe вo cвoeтo пpвo eмитyвaњe вo Македонија нeкyлтypнo и дo кpaj бeзoбpaзнo ja пpeзeнтиpaшe cвojaтa шobиниcтичкa пpoпaгaндa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани граѓани на Република Македонија,

За жал, редвидувањата на ГРОМ се остварија. Уште со првото вчерашно емитување во Македонија, бугарската телевизија БНТ арогантно, некултурно и до крај безобразно ја презентираше својата шовинистичка пропаганда.

Ништо ново!

Волкот го менува влакното но не и навиките, па така и бугарите веднаш започнаа со негирање на македонската нација и побугарчување на македонските револуционери.

ГРОМ го осудува овој чин на предавство од страна на владата и ставање змија во пазувите на македонскиот народ. Затоа е потребно енергично и масовно спротиставување.

ГРОМ го повикува македонскиот народ и сите граѓани кои се противат на негаторските политики врз македонскиот народ и држава од страна на бугарите, да ги блокираме каналите на кој што ќе бидат емитувани бугарските телевизии.

Не ни треба оружје, ниту куршуми, ниту ракети доволно е со нашите прсти да го употребиме далечинскиот управувач и да го блокираме нивното присуство во нашите домови.

Во овие телевизии и нивните пропаганди од 19 век нека уживаат семејствата Заеви, Османи, Георгиевски, Бучковски и малкумината слични на нив. – стои во соопштението на “ГРОМ”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This