дома Свет Pycија ги повлекува тpyпите од границата со Укpaина

Pycија ги повлекува тpyпите од границата со Укpaина

Врховната воена команда на Русија од утре почнува со процесот на враќање на војниците во нивните постојани бази во државата, со образложение дека „брзиот преглед“ на состојбата на силите на југ и запад, близу границата со Украина, бил успешно завршен.

Верувам дека целите за брз преглед на состојбата на воените сили се целосно постигнати. Војниците ја покажаа својата способност да обезбедат кредибилна одбрана на земјата – изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој додаде дека е донесена одлука да се прекинат активностите на воените сили во јужните и западните воени области и дека војниците ќе се вратат во своите бази до 1 мај.

По набљудувањето на воените вежби на Крим, Шојгу нагласи дека армијата мора да биде подготвена брзо да одговори во случај на „неповолен“ развој на ситуацијата во рамки на воената вежба на НАТО „Бранител на Европа“.