дома Свет Pycија ја постави apмијата долж границата како одговор на HATO

Pycија ја постави apмијата долж границата како одговор на HATO

Русија ќе распореди околу 20 нови воени формации и постројки долж западните граници до крајот на оваа година, како одговор на трансатлантските активности на НАТО, рече во понеделникот министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Рускиот министер за одбрана изјави дека САД и НАТО неодамна ја засилија воената активност во западна Русија, што бара одговор од Москва.

„Активностите на нашите западни колеги го уништуваат светскиот безбедносен систем и нè принудуваат да преземеме соодветни контрамерки“, рече Шојгу, цитиран од Интерфакс.

„Околу 20 воени формации и единици ќе бидат распоредени во Западниот воен округ до крајот на годината“, најави рускиот министер за одбрана.