Pycковска се огласи за тpaгедијата во Тетово: Еве што се истpaжува обвинителството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вилма Русковска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК), вели дека документацијата за тендерот за изградба на модуларните ковид-болници низ Македонија со кредит од Светска банка е обемна и дека треба да се истражува детално.

„Станува збор за обемна документација од околу 5.000 страници“, открива обвинителката за Дојче Веле, по пожарот во Тетово, каде згаснаа 14 животи. Таа очекува во наредните денови да ја добијат севкупната документација, како и комуникацијата со Светска банка.

Во моментов Основното јавно обвинителство – Тетово е тоа кое се занимава за прашања како техничкиот прием, приклучоци за вода, електрична енергија, довод на кислород, стандарди за противпожарна заштита, материјали од кои е изградена модуларната болница и слични аспекти.

Русковска објаснува дека предметот на интерес на ова обвинителство е дали е испочитувана законската процедура за јавната набавка за изградба на сите модуларни болници во земјата, реализирана со заем од Светска банка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This