дома КОВИД-19 (Коронавирус) Tуристички водичи ќе добијат по 500 евра еднократна помош за поcледиците од...

Tуристички водичи ќе добијат по 500 евра еднократна помош за поcледиците од koвид kpизата

Владата на Република Македонија на денешната редовна 86-та седница го разгледа извештајот за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на лиценцирани туристички водичи и донесе одлука да се одобрат 2.460.000,00 денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик.

Со оваа одлука на туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари за надминување на последиците од ковид кризата опфатена во шестиот пакет мерки на Владата.