дома Балкан Tурција откри големо наоѓалиште на злато со резерви од околу 99 тони

Tурција откри големо наоѓалиште на злато со резерви од околу 99 тони

 Турција откри големо наоѓалиште на злато чии резерви се проценуваат на 99 тони, што е еквивалентно на околу шест милијарди долари.

Според првичните проценки, експлоатацијата на злато може да започне за две години.

Депонирањето на овој благороден метал се наоѓа на земјиштето со кое управува компанијата Губреташ, која инаку се занимава со производство на ѓубрива, пренесува порталот Индикатор.

Акциите на оваа компанија скокнаа за дури десет проценти на Истанбулската берза по веста за откривањето на депозитот на злато, пренесува Танјуг.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез во септември изјави дека оваа година земјата произведе 38 тони злато, надминувајќи го минатогодишниот рекорд.

Турција постави цел за десет години да го зголеми ископувањето злато на 100 тони годишно. Рударството на злато во земјата започна во 2001 година, а во првата година беа ископани 1,4 тони.

Вкупните набавки на злато од турската централна банка годинава се очекува да изнесуваат 170 тони, според Индикатор, повикувајќи се на агенцијата АФП.