Taжнa вecт: Македонија зaгy6и вpвeн eкcпepт – пoчинa дoктop Петар Ачковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера Македонија загуби врвен експерт, почина примариус доктор Петар Ачковски.

Имаше 68 години и веќе беше во пензија. Цел работен век го помина на КАРИЛ, а беше долгогодишен шеф на трауматологија.

Како експерт во својата област, д-р Ачковски беше баран и од реномирани здравствени центри во светот, како болницата во Данска каде помина дел од својата кариера.

Ачковски е доктор високо почитуван од фелата. Тој несебично го споделуваше своето знаење во областа на медицината со младите негови колеги.

Во својата кариера има спасено илјадници животи, но за жал тој ја загуби битката за својот живот со најлошата болест.

Ачковски беше дел од тимот кој го лекуваше Киро Глигоров по обидот за атентат.

Погребот на д-р Ачковски ќе биде утре, но поради состојбата со пандемијата во Македонија, ќе биде погребан од потесниот круг на најблиските.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This