March 29, 2024, 12:46 pm

Taжнa вecт ја пoтpece македонската cпopтcкa jaвност: Пoчинa бившa paкoмeтapка на Кометал и на Македонија – имaшe caмo 38 гoдини…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ужасна вест ја потресе македонската спортска јавност. Од засега за јавноста непознати причини, утрово на 38-годишна возраст починала поранешната ракометарка на Кометал Ѓ. Петров, Јулија Портјанко, објави порталот g-sport.mk.

Јулија Портјанко, подоцна Јулија Николиќ во Скопје дојде од Украина и стана член на екипата Еуростандард. Веднаш се издвои со cвојата борбеност, бескомпромисност и квалитет и веднаш беше преселена во првиот тим. Доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за националниот тим на Македонија, последно во 2012 година.

Потоа играше и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар.

Извор: g-sport.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This