April 19, 2024, 10:21 pm

Taкa тpeбa: Ce тecтиpaaт милиoни лyѓe вo Кина, a ce зaтвopaaт yчилиштa caмo пopaди нeкoлкy нoвoзapaзeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај критиките од светот дека кинеските власти спроведуваат драконски мерки, главниот кинески епидемиолог Зенг Гуанг изјави дека „само Кина е способна“ да го неутрализира вирусот.

Кинеските власти тестираат милиони луѓе, воведуваат карантини и затвораат училишта, откако минатата недела открија неколку локални трансмисии на коронавирус во три града во земјата. Деновиве се спроведуваат обемни мерки во градовите Танџин, Шангај и Манџули, и покрај релативно малиот број потврдени нови случаи на коронавирус во споредба со САД и другите земји каде што се забележуваат нови бранови на зараза.

Многу експерти и владини претставници предупредија дека вирусот е поверојатно да се прошири со студеното време. Неодамнешните нови жаришта покажаа дека сè уште постои ризик од враќање на вирусот, иако во голема мера е под контрола во Кина.

Националната здравствена комисија пријави две нови локални преноси на коронавирус во Шангај, во претходните 24 часа, што е вкупно седум случаи од петокот. Двата најнови случаи на зараза во Шангај се блиски контакти на работници на аеродромот каде што беше потврдена зараза со коронавирус во ноември.

Во неделата меѓународниот аеродром во градот Пудонг одлучи да ги тестира своите вработени и собра 17.719 примероци. Планирано е да се тестираат други во околните заедници доколку се евидентираат нови случаи на зараза.

Видеа објавени преку социјалните мрежи покажуваат хаотични сцени на аеродромот кога на вработените им биле дадени итни упатства да се тестираат. Се гледаат луѓе додека стојат во големи групи и се туркаат меѓу службените лица во заштитни одела.

Шангај е повеќе селективен во однос на масовното тестирање, насочено кон луѓе поврзани со одредено место, како што е аеродром или болница, наместо да тестира цела населба. Во Тијанџин, здравствените власти собраа повеќе од 2,2 милиони тестирани примероци од жители на округот Бинхај, бидејќи минатата недела беа регистрирани пет локално пренесени случаи.

Во Тијанџин, властите затворија една градинка и ги преместија сите воспитувачи, семејства и деца во централизирана област во карантин. Тие исто така го затворија станбениот комплекс каде што беа пронајдени тие пет случаи.

Во Манџурија, град со над 200.000 жители, локалните здравствени власти ги тестираат сите жители откако во саботата пријавија два случаи на зараза со коронавирус. Тие исто така ги затворија сите училишта и јавни места и забранија јавни собири и прослави.

И покрај критиките од светот дека кинеските власти спроведуваат драконски мерки, главниот кинески епидемиолог Зенг Гуанг изјави дека „само Кина е способна“ да го неутрализира вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This