дома Македонија Taceвски: Итнo фopмирање нa нaциoнaлeн и надпapтиcки пaтpиотcки фpoнт, cитe нa yлицa

Taceвски: Итнo фopмирање нa нaциoнaлeн и надпapтиcки пaтpиотcки фpoнт, cитe нa yлицa

Ајде сите кои не можат да го поднесат ова велепредавство на власта, напуштете го собранието. Итно формирање на национален и надпартиски патриотски фронт за одбрана на народот и државата и на улица.

Не знам што уште правите во собранието? Бистрите политика додека е опасно загрозено се што е македонско. Се спрдачите за онлајн седници со велигденски јајца, додека сме на милиметар до поделба, асимилација и анексија?

Излегувајте од таму одма!

Мора да му се прати силна порака на светот на каков напад сме изложени од ЕУ и нејзиниот партнер Бугарија.

Нека се запознаат сите со лажните европски вредности, зад кои се кријат разбудените духови на нацизмот, порачува преку статус на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.