дома Социјални Мрежи Taceвски: EУ жaлaм cлyчaj, мoжeш дa ги лaжeш cитe дo eдeн, meнe...

Taceвски: EУ жaлaм cлyчaj, мoжeш дa ги лaжeш cитe дo eдeн, meнe нe

Актерот и поранешен директор на Драмски театар Сашо Тасевски во пост на Фејсбук вели дека нема доверба кон Европската унија (ЕУ) и е убеден дека нејзините членки и диоломати не ги сакаат Македонците во своето друштво.

Никогаш не сум имал некоја доверба во ЕУ, а после се што ни прават, барањето да го решиме на наша штета наметнатиот спор со Бугарите, тоа што не измамија за вакцините, претходно неисполнетото ветување дека ќе влеземе во ЕУ ако го смениме името…. Сето тоа ми дава полна право како поединец отворено да кажам дека во тој сојуз е подобро никогаш да не влеземе.

Оти со ваква дискримиаторска, профашистичка политика, прашање на време е кога ќе колабира сам од себе.
ЕУ жалам случај, можеш да ги лажеш сите до еден, мене не. И да знаете, повеќето Македонци размислуваме вака. Ние доверба во тебе немаме ни трошка. Твоите членки, челници и дипломати очигледно го гледаат овој регион без Македонци.

Верувам некој ќе ја прати во Брисел оваа објава преведена, пишува Тасевски.