January 20, 2022, 12:34 am

Taлибaнцитe гo ликвидиpaa бpaтoт нa пopaнeшниoт пoтпpeтceдaтeл нa Aвгaниcтaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците го убија Рохула Азизи, братот на поранешниот авганистански потпретседател Амрух Салех, како и неговиот возач во северната провинција Паншир, изјави денеска братучедот на Салех.

Шуреш Салех рече дека неговиот вујко Азизи заминал во четвртокот, кога бил запрен од Талибанците на контролен пункт, пренесе АП.

– Слушнавме дека Талибанците го убиле во моментот кога тој и неговиот возач биле контролниот пункт – додаде тој.

Шуреш Салех рече дека не е јасно каде отишол неговиот вујко, борец против Талибанците, кога бил фатен од Талибанците.

Тој додаде дека телефонските линии не функционирале во областа каде што се случил злосторството.

Потпретседателот Амрула Салех ги предводеше силите на отпорот против Талибанците во Паншир, провинција која беше последна што им се спротивстави на новите владетели на Авганистан, додава АП.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This