дома Хроника TEШКА СООБРАЌАЈКА НА ВОДНО

TEШКА СООБРАЌАЈКА НА ВОДНО

Од се уште неутврдени причини, велосипедот управуван од тинејџер се судрил со мотоциклот.

Две лица се потешко повредени во тешка сообраќајка која попладнево се случила на Водно. Очевидци велат дека во сообраќајката учествувал мотоцикл и велосипед.

Нa лице место веднаш дошла екипа на Брза помош и полиција. Повредените за кои очевидците велат дека се во тешка состојба и дека обилно крвареле веднаш се префрлени во болница, но нема информации за нивната состојба.

Полицијата врши увид, а сообраќајот е во прекин.