дома Хроника Teшкa coобpaќаjна нecpeќa во Скопје: Пeт лицa ce пoвpeдeни, мeѓy нив и...

Teшкa coобpaќаjна нecpeќa во Скопје: Пeт лицa ce пoвpeдeни, мeѓy нив и двe дeцa

На 02.09.2021 во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шуто Оризари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(53) од Скопје и автомобил „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(58) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди“, Р.И.(45) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца малолетни сопатници од двете возила, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.