дома Хроника Teшкa cooбpaќajнa нeзгoдa вo Cтpyгa: Ce cyдpиja двa aвтoмoбили, чeтиpи лицa зaвpшиja...

Teшкa cooбpaќajнa нeзгoдa вo Cтpyгa: Ce cyдpиja двa aвтoмoбили, чeтиpи лицa зaвpшиja вo бoлницa

На 26.08.2021 во 08.25 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(39) од Дебар и патничко моторно возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од Охрид.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Р., двајца сопатници од истото возило Х.Р.(36) од Охрид и Л.Ц.(42) од с.Пештани и уште еден сопатник од патничкото возило “фолксваген голф“, Ј.А.(41) од Дебар констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.