дома Хроника Teшka cooбpaќajнa нeзгoдa вo с.Жван: Ce cyдpиja кoмбe и aвтoбyc, нeкoлкy лицa...

Teшka cooбpaќajнa нeзгoдa вo с.Жван: Ce cyдpиja кoмбe и aвтoбyc, нeкoлкy лицa зaвpшиja вo 6oлницa

На 16.04.2021 во 04:29 часот било пријавено дека во с.Жван се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе “там” со битолски регистарски ознаки управувано од Ф.Ш. од с.Вирово и автобус “мерцедес” со битолски регистарски ознаки управувано од М.К. (56) од с.Сопотница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Ш. (81) од с.Вирово, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник од истото возило Б.Н. (72) од с.Вирово констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.