Teнзиите растат: Приближувањето на НАТО до руската граница еднакво на објавување вojна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот сенатор Алексеј Пушков изјави дека проширувањето на воената соработка меѓу НАТО и Украина е практично подготовка за војната со Русија.
Како што истакна, излегувањето на Алијансата на границата со Русија би било „casus belli“ (латински термин што буквално значи „настан што предизвикува војна“).
„Излезот на НАТО на заедничката граница меѓу Украина и Русија, којa е прилично долгa, е причина за објавување војна, се што се прави е подготовка за војна. Зошто НАТО воопшто би сакал Украина во нејзиниот состав, освен да ја направи база од која ќе и се заканува на Русија“, рече тој.

Пушков изјави и дека за да ги оствари своите цели, НАТО не мора ни официјално да му понуди членство на Киев.

„НАТО исто така може да ја претвори Украина во неформална членка, односно дека Киев нема обврски во однос на одбраната, но во исто време ја опсипува со оружје. Тоа би ја претворило таа поранешна советска република во воена песна против Русија“, додаде тој.
Во исто време, Пушков рече дека НАТО не сака да војува со Русија поради територијалните претензии на Украина, имајќи предвид дека таа е нуклеарна сила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This