дома Хроника Teшкa cooбpaќajкa кaj Могила: Tpи лицa ce здoбилe co пoвpeди

Teшкa cooбpaќajкa кaj Могила: Tpи лицa ce здoбилe co пoвpeди

Три лица, од кои едно потешко, се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на патот Могила – Будаково.

Во несреќата, информира МВР, учествувале „југо корал“ управувано од Б.Т.(62) од с.Д.Чарлија и „форд фиеста“ управувана од Д.М.(42) од с.Радобор, општина Могила.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „југо“, Г.А.(54) од с.Д.Чарлија, додека со телесни повреди се здобил Б.Т. и сопатникот во возилото „форд“, Д.М.(41) од с.Радобор, констатирани во Клиничка болница Битола, посочуваат од полицијата.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Битола.