дома Актуелно (Фото)Teшka cooбpaќajka во Ченто, а не пykaњe и зaгинaти

(Фото)Teшka cooбpaќajka во Ченто, а не пykaњe и зaгинaти

Тешка сообраќајна незгода на семафорите во населбата Ченто ги потресе граѓаните, откако на социјалните мрежи се сподели неточна информација со тврдење дека се работи за престрелка во која четворица го загубиле животот.

Ваквата информација е неточна.

Она што се случило во Ченто е тешка сообраќајна незгода помеѓу комбе и автомобил „БМВ“. Како последица од судирот, комбето се превртело на страна, а БМВ-то завришло во двор на приватна куќа.

Има повредени, но со лесни повреди.