дома Автомобилизам TOYOTA AYGO: Потврдена третата генерација

TOYOTA AYGO: Потврдена третата генерација

Сега е јасно зошто Toyota и PSA го рacкинaa партнерството во Чешка.

Toyota ја потврди третата генерација на Aygo, кој најверојатно ќе биде електричен. Овој мал градски автомобил настана како плод од соработката на Toyota со PSA.

Јапонците и Французите на доста успешен начин ги искомбинираа своите бизнис модели на работа и технологии во заедничката фабрика во Чешка во која се произведуваат 108, C1 и Aygo. Затоа и беше изненадување кога лани ова време беше најавено дека од 2021 година партнерството се рacкинyвa.

Сега станува јасно зошто – заедно со официјалната потврда за третата генерација на овој модел која пристигна од европскиот директор на Toyota Јохан Ван Зил, проструија вести дека тој ќе биде електричен.

Никакви детали не се познати, но бидејќи според претходно постигнатиот договор со PSA од јануари 2021 година фабриката во Чешка ќе премине во целосна сопственост на Toyota, тој сигурно ќе се произведува таму. Но бидејќи таа има капацитет за 300.000 возила годишно, тешко е да се замисли дека ќе биде и единствен што ќе излегува од нејзините пoгoни.